ЕВРОПЕЈЦИТЕ МИРНО ЌЕ ВЕЧЕРААТ, ТРАМП ГИ „ОДМОРИ“ ОД ОДГОВОРНОСТ Немаше ни да има жесток одговор, пишуваат бриселските медиуми
Наместо тоа, тие можат да ја поминат вечерта релаксирајќи се, уживајќи во вечерата и зборувајќи за лекциите што мора да ги научат, но, веројатно нема, од една од најлудите недели во поновата историја, пишува „Еурактив“. Според медиумот, генскот на НАТО Марк Руте го „жртвуваше и последниот грам самопочит на олтарот на егото на американскиот претседател“.
Американскиот претседател во Давос ги спаси европските лидери од носење тешки одлуки на самитот, пишуваат бриселските медиуми. Ова, според медиумите бил неочекуван потег на Доналд Трамп кој направил пресврт.
Мирна вечера, луда недела
„Наместо тоа, тие можат да ја поминат вечерта релаксирајќи се, уживајќи во вечерата и зборувајќи за лекциите што мора да ги научат, но, веројатно нема, од една од најлудите недели во поновата историја. Уште подобро, тие можат да тврдат, како што направи синоќа италијанската премиерка Џорџа Мелони, дека нивниот фокус на дијалог, а не на ескалација, ја спаси ситуацијата“, заклучува порталот „Еурактив“.
„Ионака немаше да се договорат за жесток одговор“
„Еурактив“ потсетува дека европските лидери претходно ги мереа своите зборови за можните контрацарини за САД.
Според порталот, договор за „жесток одговор“ на ЕУ кон Вашингтон за Гренланд веројатно никогаш немаше да постигнат.
„Да се навикнеме на темпото на Трамп“
Бриселски „Политико“, пак, оценува дека сè се случи за само неколку часа, темпо на кое можеби ќе треба да се навикнеме во 2026 година.
– Со еден удар американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече заканата за насилно одземање на Гренланд од масата и за царини поврзана со ова прашање, тема која се очекуваше да доминира на денешниот вонреден Самит на ЕУ, наведува порталот.
Мерц го поздрави Трамп
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата закана за воведување нови царини врз европските сојузници доколку продолжат да се спротивставуваат на неговиот обид да го преземе Гренланд.
Мерц исто така испрати мрачно предупредување во дел од својот говор, велејќи дека светот се претвора во „сцена на големите сили“, велејќи дека Германија еднаш во историјата тргнала кон таа бездна.
„Руте го жртвуваше и последниот грам самопочит“
Во освртот натаму се додава дека „возбудливата посета на Трамп на Швајцарија“ ја „претумба“ агендата на денешниот состанок, при што неговиот говор во Давос им обезбеди „храна за размислување на повеќето, ако не и на сите, земји членки на ЕУ, без разлика дали станува збор за царините или не“.
Медиумите посочуваат дека иако деталите околу договорот што Трамп го постигна со Данска околу Гренланд остануваат оскудни, несомнено важна улога во неговото постигнување одигра генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој, според „Еурактив“, го „жртвуваше и последниот грам самопочит на олтарот на егото на американскиот претседател“.
„Руте го спаси светот. Како? Останува мистерија“
„Политико“ пак наведува дека „Марк денеска го спаси светот“, посочувајќи дека првиот човек на НАТО „успеа да постигне некаков договор“.
– Природата на тој договор сепак останува мистерија. Знаеме само дека во него учествувале сите седум сојузници на НАТО од Арктикот за да се осигури дека Русија и Кина никогаш нема да добијат упориште на Гренланд, додава порталот.
Следен жежок костен – Одборот во Газа
Олеснети од притисокот да одговорат на заканите на Трамп, се вели во бриселските медиуми, лидерите поопуштено ќе можат да се посветат и на прашањето што да прават со Одборот за мир за Газа и како да ги рекалибрираат односите со Вашингтон.