(ГАЛЕРИЈА) МАЛА СНЕЖНА ИДИЛА ВО СКОПЈЕ Првиот снег ги израдува најмладите, службите ги чистат улиците

Неизвесно е до кога ќе потрае зимската идила во главниот град.

900

Скопјани го видоа првиот снег за оваа година. Тенката снежна покривка на улиците, булеварите и во парковите ги израдува најмладите, но и постарите. Свежиот зимски воздух и благата зимска идила кои долго беа очекувани го разбистрија утрото.

Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците, известуваат од градот, велејќи дека не се изненадени.






Службите ги чистат и пешачките патеки.

Неизвесно е до кога ќе потрае зимската идила во главниот град.

 

 

 

 

Поврзани содржини