ЦЕЛОСНО СМЕ СОЛИДАРНИ СО ДАНСКА И СО ГРЕНЛАНД, ОБЕДИНЕТИ ЌЕ ГО ЧУВАМЕ СУВЕРЕНИТЕТОТ Заедничка изјава на осумте европски држави на кои САД ќе им ги зголемат царините
Во изјавата потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија се потенцира дека заканите од САД ги поткопуваат трансатлантските односи и предизвикуваат опасна надолна спирала.
Осум европски држави објавија заедничка изјава како одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за земјите кои не ја поддржуваат неговата амбиција САД да ја преземаат контролата врз Гренланд и кои испратија војници на островот.
Во изјавата потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија се потенцира дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи и предизвикуваат опасна надолна спирала.
– Во целост сме солидарни со Кралството Данска и со народот на Гренланд. Надоврзувајќи се на процесот што почна минатата недела, подготвени сме да се вклучиме во дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет, кои цврсто ги поддржуваме“, се наведува во заедничката изјава.
Се нагласува дека групата држави „ќе продолжи да биде обединета и координирана“ и оти е посветена на „зачувување на нашиот суверенитет“.
– Како членки на НАТО, ние сме посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес – се истакнува во заедничката изјава.
Исто така се посочува дека неодамнешната данска воена вежба на „не претставува закана за никого“.