РИЈАНА РАЗМИСЛУВА ЗА ЧЕТВРТО ДЕТЕ? Пејачката предизвика шпекулации за повторно проширување на семејството

Само неколку месеци по раѓањето на нејзиното трето дете, Ријана повторно предизвика шпекулации за проширување на своето семејство откако коментираше на објава на социјалните мрежи, 

42

Американската пејачка Ријана предизвика шпекулации дека ќе стане мајка и по четврти пат, и тоа, само четири месеци откако ја роди ќеркичката Роки. Шпекулациите за проширување на семејство почнаа откако таа коментираше на објава на социјалните мрежи,

Сè започна кога поранешната учесничка на „Love Island“ Монтана Браун објави видео на Инстаграм во кое размислува дали повторно да забремени.






Таа напиша со видеото: „Одлучувам дали ќе бидам згодна и секси или бремена во 2026 година“, а во описот додаде: „Одлуки, одлуки“.

Ријана, која освен четиримесечната Роки Ајриш, ги има и синовите Риза Ателстон (3) и Рајот Роуз (2), стар две години, коментираше на објавата: „Чекај! Значи, не сум луда? Се обложувам!“.

Коментарот на Ријана сугерира дека се препознала себеси во дилемата што ја опиша Монтана Браун – размислување за уште една бременост наспроти други животни планови.

Нејзиниот коментар предизвика реакција од обожавателите, а некои изразија загриженост дека нејзината нова бременост би можела дополнително да го одложи објавувањето на нејзиниот долгоочекуван албум. Еден корисник напиша: „Треба да си бремена со албумот, сестро“, додека друг напиша: „Те молам, прво дај ни го албумот“.

Пејачката и моден дизајнер е во врска со Раким Мајерс, попознат како A$AP Rocky, од 2020 година. Пред тоа, тие беа пријатели многу години.

Поврзани содржини