СО НОЖ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА И НА ДВЕТЕ ЌЕРКИ Приведен маж по пријава за семејно насилство
Инцидентот се случил во вечерните часови, при што биле упатувани закани и оштетена покуќнина во семејниот дом.
56-годишен маж е приведен синоќа во скопско село откако ѝ се заканувал на сопругата и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 20:30 часот, кога мажот прво вербално ја загрозил безбедноста на својата 44-годишна сопруга, по што се обидел и физички да ја нападне. Ситуацијата дополнително ескалирала кога почнал да се заканува и на двете ќерки, користејќи остар предмет.
Во текот на инцидентот, дел од покуќнината во семејниот дом била оштетена, по што биле повикани полициски службеници. Мажот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.