ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРАШЕ Се прогласи за претседател на Венецуела
На својата социјална мрежа Truth Social, сподели снимка од екранот од наводна Википедија каде што под неговата официјална фотографија пишува дека е и „вршител на должноста претседател на Венецуела“.
Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа објави дека е „вршител на должност претседател на Венецуела“ од јануари годинава што повторно предизвика бура во светот.
На својата социјална мрежа Truth Social, сподели снимка од екранот од наводна Википедија каде што под неговата официјална фотографија пишува дека е и „вршител на должноста претседател на Венецуела“.
Ова дојде по повеќе од една недела откако во специјална операција администрацијата на Трамп го уапси претседателот на Венецуела Николас Мадуро и го однесе во САД каде што му се суди.
По објавата е нејасно кој фактички е претседател на Венецуела, дали Трамп или Делси Родригез која Венецуела ја постави за в.д. претседателка.
Во интервју за Fox News, Трамп минатата недела рече дека „на крајот“ ќе дозволи одржување избори во јужноамериканската земја, но само откако САД ќе го сторат она што тој го смета за клучно.
-Ќе ја обновиме нафтата и нафтената инфраструктура – рече тој.
Зошто Трамп одлучи да се „назначи“ себеси за привремен претседател на Венецуела останува нејасно. Но, објавата, како што се очекуваше, предизвика бран реакции и дополнително стимулираше анализи на неговите намери во Венецуела, улогата на САД и неговата лична политичка стратегија.