ГОЛЕМА КАРПА ПАДНАТА НА ПАТОТ ТЕТОВО – БАЊИЧЕ Одрони, поплави, надојдени реки низ целата земја

Нивото на река Црна во Новаци изнесува 320 см и се следи континуирано.

1,075

На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) и додаде дека се преземаат мерки за расчистување.

ЦУК извести за состојбата во земјава до 18.30 часот по обилните врнежи.






Најавено е расчистување и кај каменоломот на патниот правец Гостивар – Маврово, каде е евидентиран одрон.

Во ридско-планинскиот дел се интервенира со два камиона на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава. Сите патишта се проодни во зимски услови. Висината на снежната покривка е до 15 см.

Патот од селото Пелинце до граничниот премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, по што е извршена интервенција и патот е расчистен.

Интервенирано е на патот кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ поради одрон.

Патот од селото Пклиште до селото Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување. Делницата е со кашаст снег и со отежнато движење.

На патните правци Истибања – Делчево – граничен премин, Виница – Берово и Штип – Неготино има помали одрони кои редовно се расчистуваат.

Реката Сушица е ставена под контрола со насип. Сè уште има поплавени подруми и дворови на повеќе локации во Охрид.

Во селата Мислешево и Калишта во Струшко има поплавени дворови. Санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата.

Реката Радика во Дебар има зголемен водостој без опасност од излевање. Има помали одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга, кои редовно се расчистуваат.

Водостоите на Зајашка река и Треска во Кичево се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на општинскиот кризен штаб за проценка на штети и планирање на санација.

Поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај.

Состојбата во градското подрачје е нормализирана. Во околните места водата се повлекува од поплавените површини.

Во Крушево сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни.

Во Ресен се поплавени земјоделски површини, но водата се повлекува. Во тек е интервенција со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.

Нивото на река Црна во Новаци изнесува 320 см и се следи континуирано.

 

Поврзани содржини