СИЛУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА, ЈА СНИМАЛЕ И Ѝ БАРАЛЕ 20.000 ЕВРА Жрвата морала да зема пари од родителите и други за да ги дава на осомничените

Девојчето земало пари од дома и од други лица, додека едниот осомничен ја заканувал со објавување на експлицитни фотографии

2,746

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка и предложи притвор за двајца мажи осомничени за сериозни полови дејствија врз малолетна девојка во липковско. Едниот од нив е исто така обвинет за уцена, поради што девојчето било принудено да му даде пари од дома и од други лица.

Првоосомничениот, спротивно на волјата на жртвата, извршил полови дејствија врз неа и истовремено ја вклучил и второосомниченото лице. Потоа девојчето било уценувано со закана за објавување на наводно експлицитни фотографии, доколку не му исплати 20.000 евра.






Жртвата, без знаење на родителите, земала пари од дома и позајмувала од други лица, кои во повеќе наврати ѝ биле предавани на првоосомничениот.

Двата осомничени лица се лишени од слобода, а јавниот обвинител предложи притвор додека трае истрагата. Основното јавно обвинителство Куманово продолжува со истражни дејствија и апелира до медиумите да известуваат внимателно и етички, користејќи само официјални извори, со цел заштита на малолетната жртва.

Поврзани содржини