ЕМИСИИТЕ ОД РАБОТАТА НА ТИТАН УСЈЕ СЕ ПОД ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ Ако филтрите не работат, производството запира

Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима. Тоа е поради поголемата сезонска побарувачка на цемент во текот на летните месеци, отколку во зима.

701

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Од компанијата велат дека не се во можност на каков било начин да влијаат врз резултатите.

Производството запира доколку филтрите не работат. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.






„ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата“, се додава во соопштението од компанијата.

Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа. ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима. Тоа е поради поголемата сезонска побарувачка на цемент во текот на летните месеци, отколку во зима.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Поврзани содржини