АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ГО СПОРЕДИ ТРАМП СО НИМРОД И МУ ПОРАЧА ДЕКА ЌЕ БИДЕ СИМНАТ ОД ВЛАСТ Демонстрантите нема да го скршат Иран

Секој треба да знае дека Исламската Република нема да се повлече. Нема да толерира служење на странци, рече ајатолахот Хамнеи во своето кратко обраќање кон граѓаните на Иран.

1,869

Демонстрантите нема да ја скршат Исламската Република Иран и нема да толерираме дејствување во име на странски сили, рече денеска ајатолахот Али Хамнеи во обраќање пред граѓаните на Иран на државната телевизија. Обраќањето траеше 30 секунди, по што беше поздравен со воодушевување од публиката.

– Секој треба да знае дека Исламската Република нема да се повлече. Нема да толерира служење на странци – рече Хамнеи.






Додаде дека економските тешкотии во Иран се реални и треба да се решат, но остро го осуди насилството и палењето на имотот, велејќи дека таквите дејствија не можат да се оправдаат. Тој ги оддели протестите од она што го нарече „немири“, тврдејќи дека некои учесници дејствувале со цел дестабилизација на земјата и во интерес на странски сили.

Додаде дека секој што работи за „надворешни сили“ ќе биде отфрлен од народот и од исламскиот систем.

Ајатолахот му се обрати и на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Што се однесува до тој човек што седи таму со ароганција и гордост, осудувајќи го целиот свет, тој треба да знае и дека сите деспоти и арогантни сили на светот, како фараонот Нимрод, Реза-Шах Пахлави, Мохамед Реза и слични. Тие беа соборени токму кога беа на врвот на својата гордост. И овој ќе биде соборен – рече иранскиот верски лидер.

Хамнеи изјави дека работата на демонстрантите што излегоа на улиците на иранските градови е „уништување“.

– Синоќа во Техеран и на некои други места, група вандали дојдоа и уништија зграда што ѝ припаѓа на нивната земја. Да претпоставиме дека уништија одредена зграда или ѕид само за да му угодат на претседателот на Америка. Затоа што тој кажа некои небитни глупости дека „ако иранската влада го направи ова и она, ќе ја заземам вашата страна“. Тоа е страната на овие злосторници и поединци кои се штетни за земјата – рече Хамнеи.

Додаде дека „тие луѓе ги полагаат своите надежи на Трамп“.

– Ако може, нека управува со својата земја. Различни инциденти се случуваат во неговата земја – рече тој.

Хамнеи, исто така, изјави дека рацете на американскиот претседател се „извалкани со крвта на повеќе од илјада Иранци“.

– Во Дванаесетдневната војна, илјада и еден наш сонародник, освен команданти, научници и достоинственици, од редовите на обичните луѓе, загинаа како маченици. И тој рече: „Јас дадов наредба, јас командував за време на војната – рече Хамнеи во своето обраќање.

Поврзани содржини