ПО 5.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ ВО БУТЕЛ Се градат градинки во Бутел 1, Бутел 2, наскоро и во Радишан и во Визбегово

34

Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5.000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека предизборното ветување за финансиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари.

„Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Општина Бутел гради и создава услови за иднина за секое семејство“, се наведува во соопштението од Општина Бутел.

Поврзани содржини