ОБВИНЕТИОТ ШТИПЈАНЕЦ НЕ СЕ СЕЌАВА ДЕКА ЈА УБИЛ СОПСТВЕНАТА МАЈКА!? Обвинителот тврди дека нема мотив и нема докази против Зарков

Таквиот чин на мајкоубиство од родениот син остави трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина - рече обвинителката Кацарова.

500

Во штипскиот Основен суд денеска по две одложувања започна судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков – Грофот, кој е обвинет за убиство на неговата 84-годишна мајка. Според обвинението Зарков на 8 август со нож ја убил својата мајка. Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип, Тања Кацарова во своите воведни зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, оценувајќи го делото како длабока повреда на општествените и морални вредности.

– Станува збор за насилен чин извршен од најблискиот член на семејството, во случајот од родениот син кон родената мајка, како лице кое му дала живот на обвинетиот и се грижела за него до последниот здив. Таквиот чин на мајкоубиство од родениот син остави трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина – рече Кацарова.






Бранителот, Донче Стаменков, кој на обвинетиот Зарков му е додолен по службена должност рече дека обвинетиот нема мотив, а ниту имал умисла да ја убие 84 годишната жена, затоа побара ослободителна пресуда.

– Сите докази доставени од Обвинителството, сами по себе се контрадикторни, со кои не може да се докаже дека обвинетиот го има сторено кривичното дело – рече Стаменков.

Обвинетиот Зарков даде исказ и посочи дека не се сеќава на таа ноќ.

Инаку, според обвинителниот предлог на 8 август, околу два часот по полноќ, Зарков, со нож ја усмртил својата мајка, а потоа случајот самиот го пријавил.

Поврзани содржини