ГРАДИНКАТА „МАЈСКИ ЦВЕТ“ ДОБИ 10 ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ „Мастербет“ подели и 250 новогодишни пакетчиња

57

Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција за поддршка на градинката „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе.

Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година, 3 диспензери за вода – за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот, како и 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на новогодишните и божиќните празници.






Како знак на благодарност за поддршката на компанијата ѝ беше доделена официјална благодарница од страна на установата.

Со донацијата, компанијата уште еднаш ја истакна својата долгогодишна посветеност кон заедницата и одговорното општествено делување.

Поврзани содржини