ФИЛИПЧЕ ФУФКА И ОД ДЕСПОТОВСКИ, А КАМОЛИ ОД ДРУГИТЕ Фатиле да го черечат Јово, го нарекуваат петтоколонаш

Продолжува пресметката на Бихаќка со сите членови кои би можеле на раководството на чело со Венко Филипче да му ги замрсат сметките на конгресот на 14 јануари.

873
„Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата”, тврди раководството на Бихаќка, во денешното продолжение на кампањата на информерски соопштенија.





Целата акција, според СДСМ, била спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излеглe тајните планови за „мигранти за пари”, изолацијата на Македонија и „криминалните активности што ги објави нашиот партиски АКТ”.
„Акцијата е дури и координирана и финансирана од СНС и Вучиќ, со цел да се заштитат нивните бизнис-зделки со Христијан Мицкоски и неговата избрана банда. Ова е докажано преку координирани текстови во медиумите, каде што коалицијата ВМРО-ЗНАМ секојдневно ги засилува нападите врз СДСМ и се обидува да ја урива од вантре”, се тврди во најновата параноична порака од Бохаќка.
Во неа се потсетува дека Јован Деспотовски беше противкандидат на актуелниот претседател и загуби на внатрепартиските избори, „а сега, од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори”.
Во долгото соопштение за Деспотовски се спомнуваат Квислинзи и се вели:
„Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: ја продаде верата за вечера”.
Овој израз („продаде вера за вечера”) често се спомнуваше на насловните страници во медиумите под контрола на Александар Вучиќ, кога пред неколку години се водеше војна меѓу Заев и Вучиќ, која беше наречена „македонско сценарио” за рушење на Вучиќ.
Ова открива дека наративите на Бихаќка се пишуваат во Белград.
Поврзани содржини