📽️ ХОРОР СЦЕНИ ОД ЈАПОНСКИ АВТОПАТ Се судрија 50 возила, дел од нив горат, има и жртви

Меѓу загинатите е 77-годишна жена од Токио која била на задното седиште од автомобил управуван од член на семејството, додека телото на друга жртва било пронајдено на возачкото седиште од голем камион.

128

Две лица загинаа, а 26 се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од 50 возила на автопат во префектурата Гунма, северозападно од Токио, соопшти полицијата.

Несреќата се случила синоќа на излезот од автопатот Кан-етсу во Минаками, кога камион е судрил со друг камион кој застанал на патот по претходна несреќа со едно возило, што довело до серија судири на растојание од околу 300 метри.






Најмалку 10 возила се запалиле, а пожарникарите се бореле со пожарот повеќе од седум часа.

Меѓу загинатите е 77-годишна жена од Токио која била на задното седиште од автомобил управуван од член на семејството, додека телото на друга жртва било пронајдено на возачкото седиште од голем камион.

Дваесет и едно лице се здобило со полесни повреди, додека петмина се во сериозна состојба.

По несреќата, дел од автопатот беше затворен, а излезната лента беше блокирана од тешко оштетени возила, од кои некои беа изгорени до непрепознатливост, објави „Кјодо“.

Во времето на несреќата, на возачите им беше советувано да возат со брзина до 50 километри на час поради снежните услови.

Поврзани содржини