ДАЛИ ФИЛИПЧЕ Е ПАРТНЕР НА ЗАЕВ ЗА ЗГРАДАТА ВО ДУБАИ И КАКО ЈА ДОБИ ЗЛАТНАТА ВИЗА? Прозивка од ВМРО-ДПМНЕ за лидерот на опозицијата

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, го повика јавното обвинителство да го истражи случајот.

262

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже дали е инвестициски партнер на Зоран Заев во изградбата на 42-катна зграда во Дубаи, и дали златната виза за Обединетите Арапски Емирати ја има добиено врз основа на инвестиција во недвижнини, а не како лекар, како што претходно тврдел, но досега тоа не го поткрепил со документи.

– По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност.






ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.

Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.

Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40-катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост – рече на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски го повика јавното обвинителство да го истражи случајот.

Поврзани содржини