СДСМ ОТВОРЕНО ДА КАЖЕ, ГРАДИ ЛИ ЗОРАН ЗАЕВ ЗГРАДА ВО ДУБАИ ИЛИ НЕ? ВМРО-ДПМНЕ ја повикува опозициската партија на отчетност пред јавноста
Очекуваме Антикорупцискиот тим на СДСМ сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчисти сите сомнежи и да ја информира јавноста – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега, кога постојат и јавни сведоштва за тоа, очекуваме СДСМ да излезе на прес конференција и да одговори пред македонската јавност дали е точно дека поранешниот претседател на оваа партија Зоран Заев гради зграда во Дубаи и тоа на 40 ката, и од каде му се парите за тоа – прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Исто така, сакаме да му порачаме на нивниот таканаречен Антикорупциски тим, дека им го пријавуваме овој случај кој се однесува лично на Зоран Заев и очекуваме да го процесуираат и истражат. Очекуваме Антикорупцискиот тим на СДСМ сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчисти сите сомнежи и да ја информира јавноста“ – се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ уште наведува дека „висококатницата во Дубаи на Зоран Заев, другар и бизнис партнер на Венко Филипче, веќе имаат и очевидци“.
„Ако до сега постоеја само наводи и информации, сега има луѓе кои на лице место ја виделе нејзината изградба. Станува збор за човек познаник и поранешен соработник на Заев, Томе Аврамски, кој вели дека лично бил во Дубаи и ја видел неговата голема инвестиција за изградба на зграда од над 40 ката. Во своето медиумско излагање тој, исто така, вели дека двајцата бизнис ортаци, Филипче и Заев во Дубаи имаат и станови, дури вели и дека бил во зградата каде овие двајца купиле станови.
Ова е доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности и сам по себе скандал од невидени размери, додека СДСМ тука во Македонија ни продава чесност, морал и лажна грижа за граѓаните и државата“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.