СДСМ СО НАЈПРИЗЕМНИ НАВРЕДИ ЗА УРЕДНИКОТ ГЕРОСКИ Се штанцаат партиски соопштенија со лични и срамни дисквалификации

1,592

СДСМ утрово испрати две соопштенија до медиумите во кои користи најдолни навреди кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски.

Во соопштението насловено „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО“, СДСМ го нарекува Героски „најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната ‘панцир’ единица – Фрљо.“






Опозициската партија во нејзиното соопштение се занимава со меморијата на уредникот Героски при што вели дека таа целосно му откажала. Героски е посочен и дека „не се сеќава на сопствениот удел во српскиот свет“, како и дека „лично го вметна инвестирањето во вештачката интелигенција како еден од најважните столбови на новата програма на ВМРО“.

„На пример, Фрљо не се сеќава на периодот кога работеше во еден реномиран дневен весник, а неговиот газда беше од Србија. Меморијата му „зарибала” и кога станува збор за избришаните податоци од времето кога работеше за белградскиот „Курир” (денес веќе јавно познато во сопственост на истиот тој Вучиќ, на кого, изгледа, единствено се сеќава). Очигледно, меморијата целосно откажала.

Иако Фрљо не е обичен бот, тој сепак е една напредна (да не кажеме – српска напредна) машина на која очигледно ѝ недостига замена на работната меморија. Можеби во тоа може да му помогне неговиот стар воен другар, ветеран Латас. До тогаш, додека не ја замени меморијата, да го потсетиме дека некогаш одамна напиша книга со наслов ‘Биди новинар’. Му предлагаме да ја прочита и можеби да се потсети на некои основи на слободното новинарство“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Во второ соопштение под наслов „Манасије – дигитален дарител“ СДСМ повторно се занимава со Героски нарекувајќи го „Св. Геро – заштитникот на сите ВМРО-ботови“.

„Геро редовно ја следи модата, па дури знае и кое сако го носи нашиот претседател“, се наведува во ова соопштение од СДСМ.

Поврзани содржини