ВО СКОПЈЕ И ВО ОКОЛИНАТА РАБОТАТ 40-ТИНА ГОЛЕМИ ФАБРИКИ Во Бутел, Студеничани и во Чучер Сандево лани биле утврдени најмногу неправилности
Според податоците на Државниот инспекторат за животна средина, кои се јавно достапни, во 2025 година оваа институција направила 1.373 контроли на територијата на Македонија, од кои 200 биле направени во регионот на Скопје.
Според информациите на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје и во околината активно работат околу четириесетина фабрики со А интегрирана еколошка дозвола.
Според податоците на Државниот инспекторат за животна средина, кои се јавно достапни, во 2025 година оваа институција направила 1.373 контроли на територијата на Македонија, од кои 200 биле направени во регионот на Скопје. Најголемиот дел или 1.263 биле редовни инспекциски контроли, а 110 биле ненајавени. Во ТИТАН Усје биле направени 5 контроли од страна на Инспекторатот, од кои 2 редовни и 3 вонредни. При овие контроли во ТИТАН Усје не биле констатирани никакви неправилности.
Во 2024 година Инспекторатот направил 1.535 инспекциски контроли во земјата, а во Скопје 276.
Според годишниот извештај за 2024 година на Државниот инспекторат за животната средина, најголем број инспекциски контроли биле направени во Полошкиот регион, каде се извршени 287 надзори. Веднаш зад него се Скопскиот со 276 и Вардарскиот со 269 инспекциски надзори.
По број на констатирани неправилности предничи Вардарскиот регион со вкупно 90 откриени неправилности во 2024 година, а по него Југоисточниот со 55 и Полошкиот со 46.
Во Скопскиот регион се констатирани 36 неправилности од страна на Инспекторатот, од кои најголем број, по 7, се констатирани во општините Бутел, Студеничани и Чучер Сандево.
Државниот инспекторат за животна средина е надлежен орган за контрола на правните субјекти кои поседуваат А интегрирани еколошки дозволи.
Државен инспекторат за животна средина на својата веб-страница редовно објавува неделни и шестмесечни извештаи.