ПО 3 ГОДИНИ ЗАТВОР, НАМЕСТО ГОДИНА И ПОЛ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА Апелација Гостивар ги зголеми казните на двајцата директори

Судиите во повисокиот суд одлуката ја донеле на 26 ноември 2025 година, при што се одбиени жалбите на осудените директори Флорим Бесими и Артан Етеми, а уважени се жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово.

171

Апелацискиот суд Гостивар соопшти дека се преиначени одлуките на Основниот суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година, во кој животите ги загубија 14 луѓе. Двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија по 3 години казна затвор, а правното лице Клиничка болница доби зголемена парична казна од 1.300.000 денари

Судиите во повисокиот суд одлуката ја донеле на 26 ноември 2025 година, при што се одбиени жалбите на осудените директори Флорим Бесими и Артан Етеми, а уважени се жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово.






„ Судот пресудата ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција и во делот на одлуката за имотноправното побарување, така што обвинетите Ф.Б. и А.Е. кои со првостепената пресуда се огласени за виновни за кривично дело Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, ги осуди на казна затвор во траење од по 3 години, обвинетото правно лице ЈЗУ К.Ц. во Т, кое со првостепената пресуда е огласено за виновно за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став 5, го осуди на парична казна во износ од 1.300.000 денари“  соопштени Апелацискиот суд Гостивар.

По пожарот во 2021 година и поднесен обвинителен акт во декември 2022 година, Основен суд Тетово почна процес кој заврши во јуни 2023 кога директорите ги осуди на условна казна затвор, но Апелационен суд потоа одлучи да има ново повторно судење.

Второто повторно судење заврши во мај 2025 година кога тетовскиот суд им пресуди по 1 година и 6 месеци затворска казна на двајцата директори на Клиничката болница.

Поврзани содржини