НАПАДНАT ПОЛИЦАЕЦ КОЈ РЕГУЛИРАЛ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОТЕСТ Полицаецот завршил со телесни повреди
Полицаец е повреден откако бил нападнат од скопјанец додека го регулирал сообраќајот за време на протест во Скопје, соопшти полицијата.
Вчера (23.12.2025) на подрачјето на Бит-пазар, полицијата го лишила од слобода напаѓачот А.С.(24) од Скопје. Тој на крстосницата на булеварот Никола Карев со улицата Македонско-косовска бригада во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој го регулирал сообраќајот за време на протест.
Полицискиот службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.