ПАПАТА ЛАВ XIV БАРА 24 ЧАСА МИР НА ПЛАНЕТАТА „Ме растажува што Русија изгледа како да одбива“

Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот. Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет, рече Лав XIV додавајќи oна што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје.

352

Папата Лав XIV синоќа испрати молба што одекна низ светот како тивка божиќна сирена – повик за еднодневно примирје на сите фронтови. Без да наведе конкретен конфликт, тој изрази длабоко жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.

Од својата резиденција во Кастел Гандолфо, пред заминување кон Ватикан, папата, кој има американско потекло, ја повтори пораката:






– Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот. Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет – рече Лав XIV.

Потоа, со тивок тон, додаде:

– Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје – забележа тој.

Во Ватикан вечерва ќе ја служи својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре ќе го даде благословот „Urbi et Orbi“, традиционалниот говор во кој папата ја опфаќа мапата на сите војни и конфликти на планетата.

 

Поврзани содржини