КОНЦЕНТРАЦИИТЕ НА ПМ10 ВО СКОПЈЕ И ВО СТРУМИЦА ПОД АЛАРМАНТНИОТ ПРАГ Се укинуваат мерките и препораките

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

998

Концентрациите на ПМ10 честичките во Скопје и во Струмица се под прагот од 150 милиграми на кубен метар со што престануваат да важат мерките и препораките, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, соопшти министерството.






Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

Поврзани содржини