AХМЕТИ СИ ГО ПРИПИША И РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА Ако излезе на улица, нема да се врати дома
Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови, рекол Ахмети на брифинг со новинари.
Aли Ахмети на брифинг со новинари се пофалил дека тој ја уништил Југославија и дека ако излезе на улица, нема да се врати дома.
– Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или Влен. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение – рекол Ахмети, пренесуваат медиумите кои присуствувале на брифингот.
Според него, планот А останува развој и напредок на државата, а изрази надеж дека нема да се префрли на планот Б.
– Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови – додал Ахмети.