СМРТТА НА ГЕНЕРАЛОТ САРВАРОВ Е УЖАСНО УБИСТВО Кремљ истражува дали атентатот е дело на украинските служби

Ова е, секако, ужасно убиство, ова е обид за атентат, а специјалните служби ќе спроведат истрага и ќе сторат сè што е потребно во таква ситуација, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

546

Смртта на началникот на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-потполковник Фанил Сарваров во Москва рано утрово е „ужасно убиство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е, секако, ужасно убиство, ова е обид за атентат, а специјалните служби ќе спроведат истрага и ќе сторат сè што е потребно во таква ситуација – рече Песков.






Педесет и шестгодишниот Сарваров почина од повредите што ги доби во експлозијата на експлозивна направа поставена под автомобил, објави Светлана Петренко, портпаролка на Рускиот истражен комитет.

– Истражителите работат на многу верзии за убиството. Една од нив е дека злосторството можеби го организирале украинските разузнавачки служби – рече Петренко.

Ова е трето убиство на висок воен офицер во Русија во изминатата година.

Откако Русија ја изврши инвазијата на Украина пред речиси 4 години, руските власти го обвинија Киев за неколку атентати врз високи воени и јавни личности во Русија.

Украина ја презеде одговорноста за некои од нив, но сè уште не даде коментар за денешната експлозија во Москва.

Поврзани содржини