ПЛАНИНИТЕ ЌЕ БЕЛЕАТ, А ГРАДОВИТЕ ЌЕ БИДАТ МОКРИ Еве кога и каде ќе има дожд и снег во Македонија

Влажни воздушни бранови носат врнежи од дожд и снег, а од петок се очекува стабилизирање на времето.

659

Од утре кон крајот на денот и во следните два дена, 24 и 25 декември 2025 година, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. На планините, врнежите ќе бидат од снег, при што се предвидува формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, информираат од Хидрометеоролошкиот завод.

Под влијание на влажни воздушни бранови, врнежите ќе бидат нестабилни и локални, со количини над 25 литри на метар квадратен за 24 часа на некои места. Поради спуштање на постуден воздух од север, снегот ќе се појави и на повисоките места, додека на планините снежната покривка ќе се формира постепено.






Во Скопје, дождот ќе започне утре кон крајот на денот и ќе продолжи повремено до Божиќ, со можност за пообилни врнежи. Се препорачува внимание при патување и на отворените простори.

Од петок, времето постепено ќе се стабилизира, со намалување на врнежите и повисоки температури на повеќе места.

Поврзани содржини