ДУОТО ГРУБИ-БАЈРАМИ ИСПЛАЌАЛО ДЕБЕЛИ АВАНСИ Три милиони евра испариле од Лотарија во времето на СДСМ и ДУИ

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за 'мали добивки' на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна, обвини ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Лотарија. Вкупната сума која е украдена, според соопштението, изнесува близу 3 милиони евра.

1,784

Криминалниот тандем на СДСМ и ДУИ довел до милионски криминал во Лотарија, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение споменувајќи ги како главни актери екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами и поранешниот виецпремиер кој е во бегство, Артан Груби.

„Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа СДСМ молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе на власт.






Бајрами и Груби во Лотарија правеле што сакале, брутални докази за недостатоците и недоследностите во институцијата има и во извештајот на ДЗР.

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Понатаму, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.

Бајрами и Груби оставиле спорна документација за над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра.

Криминалците мора да одговараат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини