МЕЛОНИ ПОБЕДНИЧКА, МЕРЦ ГУБИТНИК Политико проценува кој слави, а кој се дума по самитот во Брисел

Политико ја анализира тешката заедничка одлука на лидерите на ЕУ за финансирање со заеднички долг, притоа претставувајќи ја италијанската премиерка како клучна фигура за решението, наспроти идејата на германскиот канцелар, белгискиот прмиер како стоик кој ги издржал притисоците, португалскиот премиер како добар медијатор и лидерите на Унгарија, Словачка и Полска како „изолирани победници“.

1,706

Кој беше победник, а кој губнитк по маратонските 16-часовни разговори на тензичниот самит во Брисел? Лидерите на Европската Унија конечно се договориле околу новиот финансиски план за Украина, со што се избегнало ново европско расцепување. Наместо да го користи замрзнатиот руски имот, Унијата ќе прибегне кон заеднички долг – ризичен, но спасоносен потег за европското единство.

Украина во следните две години треба да добие 90 милијарди долари од ЕУ, но не и пари од замрзнатиот руски имот. Бриселски Политико анализира со каков „резултат“ секој лидер се враќа во својата земја по самитот.






Мелони ја водела играта

Иако долго молчела, италијанската премиерка Џорџа Мелони станала клучна фигура во завршните часови. Со смиреност и стратегија, таа го затворила договорот кога другите лидери веќе ја изгубиле трпеливоста.

Белгија со стоичка одбрана

Белгискиот премиер Барт де Вевер, кој првично го блокирал користењето на рускиот имот, издржал притисок од сите страни. Неговото инсистирање на „неограничена поддршка“ од ЕУ партнери ја натерало Унијата да прифати заедничко задолжување – компромис кој никој не го посакувал, но сите го прифатиле.

Португалија го скратила маратонскиот ден

Премиерот на Португалија Антонио Кошта успеал да го заврши самитот за еден ден – подвиг ретко виден во Брисел. Додека повеќето очекувале самито да продолжи за викендот, тој дипломатски ја насочил расправата кон брз исход.

Победници и губитници

Сите актери во војната во Украина, од Зеленски до Путин, сега имаат нешто во рацете, пишува Политико. Киев конечно ќе добие финансиска инјекција, додека Москва избегна преседан на конфискација на својата имовина. Истовремено, САД и Доналд Трамп ја задржаа можноста таа имовина да ја искористат како политичка полуга во идни мировни преговори.

Мерц губитник?

Од другата страна, германскиот канцелар Фридрих Мерц претрпел тежок пораз. Неговата идеја за користење на рускиот имот пропаднала, а со неа и престижот на Берлин како главен глас на фискалната дисциплина во Унијата.

Орбан, Фицо и Бабиш изолирани во победата

Унгарскиот, словачкиот и чешкиот лидер формално избегнале финансиски обврски кон Украина, но тоа можеби ќе им се врати како политички бумеранг, пишува Политико.

Според дипломатите во Брисел, овие три земји сè повеќе се гледаат како „отфрлени“ во рамките на ЕУ.

Поврзани содржини