НЕ САКАМ ЦЕНЗУРИ, МАКЕДОНИЈА Е СВЕТО ИМЕ ЗА МЕНЕ Мицкоски беше прашан за реакциите од Грција за името
Мицкоски исто така најави дека Предлог законот за правична застапеност со мислење од Венецијанската комисија би требало да се најде во Парламентот многу скоро.
„Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам“.
Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“. Премиерот беше прашан за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата.
Мицкоски исто така најави дека Предлог законот за правична застапеност со мислење од Венецијанската комисија би требало да се најде во Парламентот многу скоро.
– Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине и ќе го испратиме во Собранието – рече Мицкоски.