НЕ БИЛ ДОВОЛНО ИНКЛУЗИВЕН И СЕКУЛАРЕН!? Наставник доби отказ зашто рекол дека Британија е христијанска земја
Поддржувачите на отпуштениот наставник, пак, тврдат дека станува збор за историски факт, а не за навреда или верска пропаганда.
Наставник во Велика Британија бил отпуштен од работа откако на ученик од муслиманска вероисповед му рекол дека Британија е христијанска земја. По поплака од родителите, училиштето покренало дисциплинска постапка и оценило дека ваквата изјава е несоодветна за мултикултурна училишна средина и може да се сфати како „исклучувачка“.
Од образовната установа соопштиле дека наставниците имаат обврска да создаваат инклузивна средина во која учениците од различни верски и културни средини ќе се чувствуваат еднакво почитувани. Според нив, иако Британија има историско христијанско наследство, изнесувањето на вакви тврдења кон конкретен ученик било „неумесно“ и спротивно на етичките стандарди во образованието.
Поддржувачите на отпуштениот наставник, пак, тврдат дека станува збор за историски факт, а не за навреда или верска пропаганда, и предупредуваат дека ваквите случаи отвораат прашања за границите на слободата на изразување и за тоа дали наставниците сè уште можат да зборуваат за културниот и историскиот идентитет на земјата без страв од санкции.
Случајот повторно ја актуализира дебатата во британското општество за односот меѓу христијанското наследство, секуларната држава и мултикултурната реалност, особено во образовниот систем.