КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ТЕТОВСКИ ФИРМИ ФИНАНСИЕРИ НА ДУИ Сакале да лапнат општински пари за неизвршени услуги

2,087

Во акција на МВР поднесена е кривична пријава за фирми финансиери на ДУИ од Тетовско. Станува збор за фирмите ХАГ БУС и Фер Атомик, дознава Плусинфо.

Фирмите приложувале лажни фактури дека вршеле превоз во општина Тетово. Општината го пријавила случајот во полиција, откако фирмите преку извршител се обиделе да си ги наплатат парите за услугите кои не ги извршиле.






СВР Тетово соопшти дека поднел кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице – транспортно претпријатие од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „давање лажен исказ“.

Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште, бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари (244.000 евра) за двата месеца и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата.

Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да изготви предлог-решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава и против Ќ.Ф.(59) од селото Шемшово и правно лице од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово, бил истечен, на 10.06.2025 година без правен основ изготвиле фактури за септември и октомври 2024 година во вкупен износ од 2.152.447 денари (30.000 евра), а потоа ги доставиле до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури. Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог-решение за нотарски платен налог.

Поврзани содржини