ПОЧИНА ИСТАКНАТИОТ ИГРАОРЕЦ, СОЛИСТ И КОРЕОГРАФ СИМЕОН ЧУЛЕВ „Танец“ го откажа годишниот концерт

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, ја известува јавноста дека поради ненадејната смрт на долгогодишниот член на ансамблот, истакнатиот играорец, солист и кореограф Симеон Чулев, се откажува годишниот концерт кој беше најавен за 20-ти декември.

166

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на нашиот долгогодишен колега, истакнат играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност.






Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите.

За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена, информираат од „Танец“.

Поврзани содржини