📷 КРВАВИОТ ТЕПИХ ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА АНА ВОЛШ Нејзиниот сопруг доби доживотен затвор

На фотографијата што ја видела поротата, Ана Волш се смеела, легната на истиот тој тепих. Неколку недели подоцна, истиот тепих бил пронајден исечен на парчиња, натопен со крв и фибри со нејзин ДНК во контејнер близу домот на мајката на обвинетиот. Сепак, нејзиното тело никогаш не било пронајдено.

1,398

Тепихот од дневната соба на семејството Волш бил клучниот доказ што ја урнал одбраната на Брајан Волш, кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на Ана Волш, Србинка по потекло.

На фотографијата што ја видела поротата, Ана Волш се смеела, легната на истиот тој тепих. Неколку недели подоцна, истиот тепих бил пронајден исечен на парчиња, натопен со крв и фибри со нејзин ДНК во контејнер близу домот на мајката на обвинетиот.






Во истиот контејнер полицијата нашла чекан, секира, тестера и крвави пешкири. На сите предмети била потврдена ДНК на Ана. Во подрумот од куќата, истражителите пронашле и замрзнати траги од крв што, според обвинителите, потекнувале од местото каде таа била нападната.

– Бев во паника, ја најдов мртва и не знаев што да правам – рекол Волш во својата одбрана, тврдејќи дека не ја убил, туку дека ја „сокрил“ во страв.

Фото: Принтскрин

Интернет пребарувањата што го издадоа

Во судницата биле прочитани пребарувања направени од неговиот лаптоп. Браја пребарувал „Како да се ослободиш од човечко тело“, „Колку време треба да изгори човечка коска“, „Може ли крв да се измие со белило“.

Обвинителите тврдeле дека Волш го испланирал злосторството уште од ноќта на 1 јануари 2023 година, кога Ана исчезнала по новогодишната вечер.

Покрај фотографиите од тепихот, обвинителите им покажаа на поротниците и фотографија направена за време на претресот на семејниот дом на Волш. На неа се гледа подрумот на нивниот семеен дом, а видливи се и дамки од крв.

Ана, жената што не се врати од Нова Година

Ана Волш, родена во Белград, работела како агентка за недвижности во Вашингтон и била мајка на три деца. Таа требала да отпатува на службен пат, но никогаш не стигнала на аеродромот. Нејзиното тело никогаш не било пронајдено.

Судењето во Дедам, Масачусетс, траело повеќе од две недели и било проследено со голем интерес низ целиот свет.

Доживотна пресуда и молк во судницата

На 15 декември 2025 година, судијата ја прочитал пресудата, доживотна казна затвор без право на условно ослободување. Кога ја чул одлуката на поротата, Волш не рекол ништо. Стоел исправен, погледот му бил празен, а единствената реакција била едно тивко климнување со глава.

Во судницата завладеал молк — како последно сведоштво за тишината што ја остави зад себе исчезнувањето на Ана.

Поврзани содржини