СО НОКТИ ГО ГРЕБЕЛА ПОЛИЦАЕЦОТ ПО ЛИЦЕТО И ГО ВЛЕЧЕЛА ЗА ОБЛЕКА? Познато е за што ќе одговарааат двете „краварки“ од Крива Паланка и нивниот татко

Таткото е обвинет и за загрозување на сигурноста на присутните лица, со сериозни закани.

1,149

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки сопственици на повеќе од 500 крави за кривично дело „Спречување службено лице при вршење службено дејствие“, во врска со инцидентот кој се случи на 2 декември во местото Самоков, во близина на село Луке, кога обвинетите не им дозволуваа на службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат конфискување крупен добиток по правосилно судско решение.

Таткото е обвинет и за загрозување на сигурноста на присутните лица, со сериозни закани, додека една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник кој бил повикан да асистира, при што го повредила со влечење и гребење по лицето. Дејствијата на обвинетите спречиле службените лица да ја извршат својата задача, се вели во обвинителскиот предлог.






За време на обезбедувањето на доказите, сите тројца обвинети беа задржани со притвор.

Поврзани содржини