ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ИНВЕСТИТОРИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ САЕМ Се очекува наскоро да се најде локација

152

Има заинтересирани инвеститори кои сакаат да изградат саем во Скопје, рече Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на вчерашното гостување на ТВ Сител.

– Имавме една таква иницијатива на барање на оние луѓе коишто работеле во Скопски саем, има заинтересирани инвеститори коишто сакаат да го изградат и да го стопанисуваат саемот, а повторно ние како држава да имаме саем, а да не платиме ништо за тоа. Во моментот сме во потрага по соодветно земјиште и соодветна локација. Очекувам дека за скоро време ќе имаме таква локација и ќе добиеме Скопски саем – рече Томовски.






Според него, Македонија и Косово се единствените држави во регионот кои немаат саем.

Поврзани содржини