ДЕНЕС КРИТИКУВА, А ГЛАСАШЕ ЗА МИГРАНТСКИ КАМП ВО БАРДОВЦИ Андоновски го обвини Филипче за манипулации

Министерот Андоновски тврди дека во „Службен весник“ постои одлука од 2018 година за камп во Бардовци, за која, според него, гласал Венко Филипче, и најави нови документи утре.

1,425

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука за изградба на камп, прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.

Тој најави дека деталите ќе бидат објавени утре, а обвинувањата ги изнесе во подкастот „Претрес кај Ландов“.






Според Андоновски, во „Службен весник“ од 23 јануари 2018 година е објавена владина одлука за планирање на прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, со локација во Бардовци.

Тој потсети дека по донесувањето на оваа одлука следеле протести на локалното население во делот меѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде граѓаните јавно се спротивставиле на изградбата на кампот.

– Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти и ја бранеше Европа од Европа – изјави Андоновски.

Тој нагласи дека е „скандалозно“ човекот кој, како што вели, „три дена држи прес-конференции за мигранти“, во 2018 година самиот да гласал за изградба на ваков центар.

Андоновски најави дека утре ќе бидат јавно објавени дополнителни информации за одлуката која, според него, го демантира наративот на СДСМ за наводни мигрантски договори.

Поврзани содржини