СО КОЛА УДРИЛА ДВАЈЦА МАЖИ ПРЕД КАФЕАНА, А ЕДНИОТ ГО НАПАДНАЛА СО НОЖ Драматичен инцидент во беровско Будинарци
М.М.(52) од Возарци удрила во двајца мажи пред угостителски објект во Будинарци, а потоа физички нападнала еден од нив и го напуштила местото на настанот со сопатник од возилото.
52-годишната М.М. од село Возарци, кавадаречко, вчера во раните утрински часови предизвика сериозен инцидент во Будинарци, Беровско. Според пријавата на ОВР Берово, таа со своето патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удрила во двајца мажи, Д.Г.(38) и Ѓ.Ч.(24), од село Митрашинци, беровско, кои се наоѓале пред угостителски објект во селото.
По судирот, М.М. излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., додека физички го нападнала Д.Г. По инцидентот, таа го напуштила местото на настанот заедно со уште едно лице кое било со неа во возилото.
Се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот, а полицијата продолжува со истрага и собирање докази за целиот настан.