ФАЛСИФИКУВАЛА ТЕСТ ЗА АНГЛИСКИ ЗА ДА СТАНЕ ДИРЕКТОРКА Полицијата ја гони 53-годишната делчевка за фалсификување исправа

Жената го приложила лажниот документ во 2023 година, по што била назначена за директор на средното училиште „Методи Митевски – Брицо“.

0

Директорката на средното училиште „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево, Д.Ц. (53) доби кривична пријава бидејќи при конкурирањето за директорска позиција доставила фалсификуван документ за познавање англиски јазик.

Според информациите од истрагата, таа на 1 јуни 2023 година набавила фалсификуван тест од Бугарија, а неколку недели подоцна, на 29 јуни, го приложила меѓу документите за јавниот оглас за избор на директор. Врз основа на приложената документација, комисијата утврдила дека ги исполнува условите и го доставила предлогот до градоначалникот, кој на 12 јули 2023 година донел решение за нејзино назначување.






Од СВР Штип велат дека случајот бил откриен по дополнителни проверки на документацијата.

– По извршената анализа утврдивме дека приложениот тест не е автентичен и дека станува збор за фалсификуван документ – соопштуваат од полицијата.

Против неа е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“, а случајот е проследен до Основното јавно обвинителство во Делчево.

Поврзани содржини