СДСМ ЌЕ ЈА ВИКНЕ НАПОМОШ ЛАУРА КОВЕШИ „Брисел мора да знае за скандалот со ИПАРД“

Имајќи предвид дека злоупотребите биле вршени од страна на власта, и дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е уапсен токму за корупција поврзана со европските пари, сметаме дека должност ни е да ја информираме европската јавност и Европското јавно обвинителство, велат од СДСМ.

0

СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Не сакаме државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме доверба во нашите институции, прво затоа што врз нив секојдневно се врши притисок од страна на Мицкоски а второ и затоа што власта прави се за да ги заштити своите од прогон.






Имајќи предвид дека злоупотребите биле вршени од страна на власта, и дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е уапсен токму за корупција поврзана со европските пари, сметаме дека должност ни е да ја информираме европската јавност и Европското јавно обвинителство (EPPO).

Ова не е темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за да си играат со судбината на Македонија и да ги крадат граѓаните“, обвинува СДСМ.

Партијата вели дека Ковеши, е надлежна за истраги поврзани со злоупотреби на ИПАРД-фондовите, во рамките на нејзината улога како прв човек на Европското јавно обвинителство (EPPO – European Public Prosecutor’s Office).

 

Поврзани содржини