НАДАЛ ЗА РЕКЕТОТ И ЕМОЦИИТЕ Никогаш не сум го скршил, но неколку пати сакав

Во интервју за „Кадена СЕР“, Рафаел Надал откри дека никогаш не скршил рекет, но неколку пати имал желба да го направи тоа и зборуваше за пензионирањето поради повредите.

0

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал откри детали за својот живот надвор од теренот и откри како се справувал со емоциите и повредите што го одбележаа неговиот спортски пат.

Во интервју за „Кадена СЕР“, Надал беше прашан кој негов „Јас“ е подобар — на теренот или надвор од него.






– Дефинитивно на теренот… Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал да го направам тоа. Не ми беше дозволено како дете, а како возрасен, не си дозволив сам такво нешто – откри шпанскиот ас.

Надал се пензионираше минатиот ноември, по кариера што траеше речиси две децении и го вклучи меѓу најдобрите играчи во историјата на тенисот. Кога беше прашан дали би продолжил со кариерата доколку не беа повредите.

– Да не бев во добра форма, ќе продолжев да играм тенис, но имам 39 години. Никогаш не сум живеел со мислата дека без повреди можев да освојам повеќе Грен слем титули – одговори Шпанецот.

Заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, Надал е дел од легендарната тројка што го обликуваше светскиот тенис во последните две децении, оставајќи трага со својот стил на игра, упорност и спортски дух.

Поврзани содржини