КАЗНА ОД 1.300 ЕВРА ЗА ВАЛКАНИ КАМИОНИ НА УЛИЦА Општина Аеродром засилено ќе ги контролира сите активни градилишта

Контролите ќе бидат насочени кон тоа дали се почитуваат сите мерки за заштита на животната средина, дали се преземаат обврските за спречување на загадување, дали се одржува јавната чистота на градилиштата и дали се избегнува узурпација на јавните површини при градежните активности, соопшти Општина Аеродром.

0

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1.000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота, односно, за валкани камиони во сообраќајот, кои излегле неизмени од градилиштата.

„Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби. Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок“, соопшти локалната самоуправа.






Во наредниот период, се додава во соопштението, Општина Аеродром, покрај редовните, ќе врши и засилени контроли на сите активни градилишта.

„Контролите ќе бидат насочени кон тоа дали се почитуваат сите мерки за заштита на животната средина, дали се преземаат обврските за спречување на загадување, дали се одржува јавната чистота на градилиштата и дали се избегнува узурпација на јавните површини при градежните активности. Општина Аеродром упатува апел до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите, затоа што само така можеме заеднички да обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина за сите жители. Општина Аеродром останува посветена на редот, хигиената и квалитетот на живот во урбаната заедница“, соопшти општината.

Поврзани содржини