ЗОШТО НАШЕВО БЕБЕ ЛИЧИ НА ВУДИ ХАРЕЛСОН? Холивудскиот актер се воодушеви од споредбата
Фотографијата набргу стана вирална на интернет и стигна и до самиот холивудски актер, кој ја сподели со свој коментар.
Брачна двојка на социјалните мрежи сподели фотографија од своето бебе, заедно со фотографија на познатиот холивудски актер Вуди Харелсон, со прашање: „Добро, како можеше нашата ќерка толку да личи на Вуди Харелсон?“.
Фотографијата набргу стана вирална на интернет и стигна и до самиот холивудски актер, кој ја сподели со свој коментар:
„Ти си прекрасно детенце, поласкан сум да бидам спореден. Имаш прекрасна насмевка, само би сакал јас да имам коса како твојата“ – напиша филмската ѕвезда.
Родителите одговорија дека со задоволство ќе го чуваат овој пост за да ѝ го покажат на малата Оде, кога ќе порасне, а Вуди сигурно ќе добие уште еден обожавател.
