ИНДУСТРИЈАТА ОСТАНУВА БЕЗ РАБОТНИЦИ Во октомври нивниот број се намалил за 2,8%
Во секторот рударство се намалил за 2,8 %, во преработувачка индустрија за 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.
Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата. Во октомври нивниот бројот на годишно ниво е намален за 2,8 %, додека кумулативно за за периодот јануари – октомври годинава во однос на истиот лански период бројот на работници се намалил за 3,6 %.
Овие го покажуваат последните податоци на Државниот за статистика, според кои, за една година октомври 2025 – октомври 2024 година бројот на работници во секторот рударство се намалил за 2,8 %, во преработувачка индустрија за 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.
Во преработувачката индустрија најголем пад има во кожарската и текстилната индустрија како и во автомобилската индустрија.
Зголемување на бројот на работници има само во неколку сектори. И тука највисока раст на бројот на вработувања има во тутунската индустријата од 21,9 %. Седат индустриите за производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со зголемување од 4,1%, потоа производство на пијалаци од 4% и индустријата за производство на производи од гума и производи од пластични маси од 3%.
Под 3% раст на бројот на вработени има во секторот производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 2,7%, производство на метали од 2,3%, а под 2% раст на бројот на вработени има во секторите производство на електрична опрема 1,2% и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема 0,1%
| X 2025 X 2024 |
I-X 2025 I-X 2024 |
X 2025 Ø2024 |
X 2025 Ø2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 97.2 | 96.4 | 95.5 | 95.9 |
| АЕ Енергија | 97.9 | 97.5 | 97.0 | 90.9 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 99.7 | 99.9 | 99.3 | 90.6 |
| ББ Капитални производи | 94.4 | 92.6 | 92.1 | 122.6 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 104.6 | 111.3 | 110.0 | 123.1 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 96.9 | 95.5 | 94.0 | 82.5 |
| Б Рударство и вадење на камен | 97.2 | 97.8 | 96.3 | 95.9 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 95.8 | 95.4 | 94.1 | 93.6 |
| 07 Вадење на руди на метал | 98.6 | 99.2 | 98.0 | 101.0 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 96.9 | 100.7 | 97.6 | 88.4 |
| В Преработувачка индустрија | 97.1 | 96.2 | 95.3 | 96.0 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 99.6 | 99.0 | 99.2 | 91.0 |
| 11 Производство на пијалаци | 104.0 | 104.2 | 105.1 | 116.8 |
| 12 Производство на тутунски производи | 121.9 | 108.5 | 88.5 | 80.0 |
| 13 Производство на текстил | 96.4 | 94.9 | 94.8 | 91.7 |
| 14 Производство на облека | 92.5 | 90.8 | 88.3 | 66.8 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 91.1 | 86.9 | 86.3 | 66.1 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
94.5 | 98.7 | 93.5 | 72.9 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
97.1 | 98.7 | 98.2 | 86.9 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
93.5 | 94.3 | 94.2 | 84.6 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
101.2 | 102.8 | 102.2 | 112.0 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
101.2 | 104.5 | 103.1 | 123.1 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
103.0 | 103.9 | 104.7 | 94.6 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
98.9 | 99.2 | 98.8 | 87.1 |
| 24 Производство на метали | 102.3 | 100.9 | 102.0 | 88.9 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
100.1 | 98.3 | 98.7 | 81.7 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
102.7 | 102.0 | 105.4 | 109.5 |
| 27 Производство на електрична опрема | 101.2 | 103.0 | 102.0 | 100.2 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
104.1 | 115.8 | 113.3 | 133.4 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
93.1 | 90.2 | 89.8 | 124.9 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
100.0 | 100.0 | 100.0 | 92.7 |
| 31 Производство на мебел | 95.4 | 98.1 | 95.6 | 86.3 |
| 32 Останата производствена индустрија | 100.6 | 100.6 | 100.5 | 89.2 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 96.6 | 99.7 | 96.6 | 105.3 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
99.0 | 98.6 | 98.5 | 94.0 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
99.0 | 98.6 | 98.5 | 94.0 |