АКО ДРЖАВАТА НЕ ЈА СУБВЕНЦИОНИРА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА БИ БИЛА ПОВИСОКА ЗА 50% Мицкоски не очекува драстично да се зголеми цената на струјата

Премиерот нагласи дека Владата со сиот политички ризик ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија за да се заштити стандардот на граѓаните.

1

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата.

Според него, дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ја добие цената што ја утврдува снабдувачот, на неа додадени трошоците на дистрибутерот, на пренос-операторот и конечно трошоците за организирање на пазарот на електрична енергија.






– Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за раст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата, јасно кажавме дека тој чекор нема да го примениме, бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку 100 евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50% – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата со сиот политички ризик ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија за да се заштити стандардот на граѓаните.

– „ЕВН хоум“ е снабдувачот за 2026 година, а „ЕСМ“ согласно политиките на Владата ги достави вкупните количини што се бараат, согласно јавната набавка. Која ќе биде крајната цена одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако над 100 евра колку што е пазарната цена – појасни Мицкоски.

Поврзани содржини