ВОСПИТУВАЧКА ОД ГРАДИНКА ВО ПРИТВОР ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА Мачен случај во Хрватска

Според неофицијални информации, кај воспитувачката биле пронајдени сомнителни фотографии од деца на училишна возраст,  12-14 години, кои ги проследила до заинтересирани лица и веб-страници за споделување педофилска содржина.

165

Воспитувачка во градинка на истокот од Хрватска е уапсена под сомнение дека сторила кривично дело воведување на деца во порнографија и се наоѓа во притвор од 4 ноември, објави Јутарњи лист.

Според неофицијални информации, кај воспитувачката биле пронајдени сомнителни фотографии од деца на училишна возраст,  12-14 години, кои ги проследила до заинтересирани лица и веб-страници за споделување педофилска содржина.






Родителите на децата кои ја посетуваат градинката се загрижении и вознемиреност поради потенцијалната можност воспитувачката да споделила фотографии од нивните деца со педофили.

Информацијата за апсењето за медиумот ја потврдила локалната самоуправа, која е основач на градинката каде што е вработена воспитувачката. Засега нема информации дали кривичното дело за кое е пријавена важи и за децата што ѝ се доверени на грижа и воспитување во градинката.

„Воспитувачката за која сте заинтересирани, отсуствувала од работа на 4 ноември 2025 година, без да го извести раководителот. Администрациската служба на градинката, преку проверка во системот за е-здравство, утврдила дека наставничката е привремено неспособна за работа, бидејќи е евидентирана лекарска белешка за боледување. Градинката на 26 ноември 2025 година добила известување од надлежниот суд во кое се наведува дека на воспитувачката ѝ е изречена мерка притвор во траење од еден месец, почнувајќи од 4 ноември 2025 година, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело воведување деца во порнографија, а на 4 декември 2025 година надлежниот орган ќе одлучи за неговото евентуално продолжување“, одговорила општината.

По добивањето на известувањето од судот, градинката контактирала со родителите на децата и вчера на родителска средба ги информирала за ситуацијата, до степен дозволен со одредбите од Законот за кривична постапка.

„На родителите им се обезбедува комуникација со администрацијата и стручната служба на градинката и им се обезбедува континуирана поддршка. Воспитувачката моментално е сè уште на боледување. По добивањето на официјалното известување од судот, градинката покрена постапка за вонредно раскинување на договорот за вработување“, одговорила општината.

Општината додава дека градинката строго ги спроведува сите безбедносни проверки пропишани со закон при вработување воспитувачи, а потребната документација вклучува потврда дека не се води кривична или прекршочна постапка и дека нема изречена мерка за заштита на благосостојбата на детето. По склучувањето на договорот за вработување, градинката дополнително бара посебни сертификати од Министерството за правда согласно Законот за предучилишно образование.

Од полицијата одбиле да одговорат на новинарските прашања со образложение дека не се „во позиција да ги презентираат нивните можни дејствија кога станува збор за деца и млади, првенствено водени од принципот на тајност на постапката, како и за заштита на правата и благосостојбата на децата“.

 

Поврзани содржини