ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ УТВРДИ НОВАТА ЦЕНА НА ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ Компаниите бараат покачување од 50%

Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите чекаа да го добијат извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена.

967

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.

Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите чекаа да го добијат извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена, по што може да се утврди конечната тарифа.






Првичните информации од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија барале зголемување од околу 50 проценти.

И сега, пред донесување на новата одлука, тие повторно доставиле пресметани зголемени трошоци. Очекувањата се дека денешната одлука ќе даде појасна слика за тоа дали и за колку ќе поскапи парното за домаќинствата и фирмите од декември.

Поврзани содржини