ЕУ ВОВЕДУВА ЦАРИНА ОД 10% ЗА МАЛИТЕ ПРАТКИ Мерката ќе се применува од март следната година
Новата мерка е насочена првенствено против масовниот увоз на евтина стока, најчесто од онлајн платформи како што се Shein, Temu и AliExpress, чиј број на пакети експоненцијално порасна во последно време.
Од март 2026 година, на сите пратки што пристигнуваат надвор од ЕУ, во вредност до 150 евра, ќе им се наплаќа дополнителна царина од 10%, покрај ДДВ, кој веќе се наплаќа на ваквите пакети во моментот на купување.
Досега, ваквите пакети беа ослободени од царина со клаузулата de minimis, а во последните години за нив се наплаќаше само ДДВ. Од пролет, за нив ќе треба да се плаќа и царина, која досега се наплаќаше само на пакети во вредност поголема од 150 евра.
Промената на регулативата, која официјално беше изгласана од Советот на ЕУ оваа недела, ќе стапи на сила веќе од март 2026 година и ќе важи за сите земји-членки на ЕУ.
Новата мерка е насочена првенствено против масовниот увоз на евтина стока, најчесто од онлајн платформи како што се Shein, Temu и AliExpress, чиј број на пакети експоненцијално порасна во последно време.
Европската комисија наведува дека повеќе од 90% од ваквите пратки во 2024 година пристигнале од Кина. На пазарот на ЕУ влегле околу 4,6 милијарди пратки со ниска вредност, односно 12 милиони пакети дневно.