МЛАДИТЕ СЕ СВЕСТУВААТ, НЕ ЧЕКААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ, ОТВОРААТ БИЗНИСИ Рекорден интерес за грантовите за самовработување, повеќе од 6.000 апликации

Оваа мерка е истовремено и силен инструмент во нашата стратешка борба против невработеноста. Наместо пасивни мерки и чекање на пригодни околности, ние ја менуваме филозофијата - од држава што само обезбедува социјална поддршка, во држава што создава можности и охрабрува личен напредок - истакна Мицкоски.

1,000

Мерката за самовработување бележи рекорден интерес, со повеќе од 6.000 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните маат желба, знаење и самодоверба да изградат сопствен бизнис – изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата.
– Денеска е важен ден и важен чекор за сите што сакаат да ја преземат иднината во свои раце – рече премиерот, додавајќи дека самовработувањето е една од „најуспешните и најатрактивните програми“ во рамки на Оперативниот план.
Според бројките што ги презентираше Мицкоски, досега се издадени 2.916 ваучери за изработка на бизнис-план, а оценети се 2.681 апликации – од кои 1.140 се на млади до 29 години, 912 на лица над 29, и 629 на правни субјекти регистрирани како ДОО. Во тек е процесот за 2.545 нови договори за грант, по што следува дводневната обука за претприемачките вештини.
Од вкупниот број апликации, 3.296 ги поднеле млади до 29 години, што премиерот го оцени како „посебно охрабрувачки“.
Мицкоски истакна дека финансиската поддршка годинава е зголемена и изнесува 7.000 евра за лица над 29 години, или 14.000 евра за здружување во ДОО. За млади до 29 години таа изнесува 10.000 евра, или 20.000 евра ако се здружат во ДОО.
– Овие средства значат нови работилници, ИТ-стартапи и мали производствени бизниси – рече премиерот.
Мерката за самовработување е дел од Оперативниот план за 2025 година вреден над 2,5 милијарди денари (40 милиони евра) – рекордно ниво на поддршка што ќе опфати 16.507 лица. Поради големиот интерес, Владата, Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување предложиле прераспределба на уште 300 милиони денари, а преку ребаланс обезбедени се дополнителни 161 милион денари, со цел, како што рече Мицкоски, „никој потенцијален претприемач да не остане без шанса“.
Премиерот оцени дека самовработувањето е клучен инструмент во борбата против невработеноста.

– Оваа мерка е истовремено и силен инструмент во нашата стратешка борба против невработеноста. Наместо пасивни мерки и чекање на пригодни околности, ние ја менуваме филозофијата – од држава што само обезбедува социјална поддршка, во држава што создава можности и охрабрува личен напредок – истакна Мицкоски.
Според него, мерката отвора работни места и во средини каде нема големи фабрики, ги активира младите и ги зајакнува жените претприемачи.






– Денеска не потпишуваме само договори — денеска потпишуваме нова енергија во економијата – рече Мицкоски, додавајќи: „Државата стои зад секој чекор што го прават претприемачите.“

Поврзани содржини