МЕСИНА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ПОЕТА ЈА ПРЕЗЕМА ПЕСНАТА Шок во Олимпија Милано
Според италијанските медиуми, Џузепе Пепе Поета веќе бил предвиден како наследник на Месина, па клубот нема да бара ново решение за тренерската позиција.
Италијанската кошаркарска легенда Еторе Месина неочекувано поднесе оставка од позицијата главен тренер на Олимпија Милано. Одлуката дојде по серија слаби резултати и три последователни порази во Евролигата и домашното првенство, јави „Газета“.
Месина, кој има 66 години, реши да се повлече од клупата, но не и од клубот. Тој ќе остане во структурата на Олимпија како личен советник на претседателот Лео Дел’Ороко.
Функцијата на прв тренер ќе ја преземе Џузепе Пепе Поета, кој летово дојде од Бреша со тригодишен договор.
Според италијанските медиуми, Поета веќе бил предвиден како наследник на Месина, па клубот нема да бара ново решение за тренерската позиција.