ИНСПЕКТОРИТЕ НА УЈП УАПСЕНИ ЗА КОЧАНИ ОСТАНУВААТ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Одбиено барањето на обвинителството да бидат зад решетки

На шестмина од осомничените им се одредени мерки на претпазливост, а на уште едно лице му е изречена дополнителна мерка на претпазливост.

1

Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на Управата за јавни приходи во Штип остануваат во домашен притвор. Основниот суд во Кочани ја одби жалбата на Кочанското обвинителство, кое бараше мерка – затворски притвор. Од обвинителството во петокот соопштија дека го добиле решението на судот и дека ќе ја обжалат одлуката.

Според соопштението на Кочанскиот суд, советот одлучил да ги одбие жалбите на обвинителството и да ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка. Станува збор за двајцата даночни контролори кои се товарат за примање поткуп. Тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе се вршат инспекциски контроли, а за возврат добивале скапи подароци. Еден од нив е брат на претседателката на Кривичниот суд во Скопје – Даниела Димовска.






Минатиот четврток, обвинителството отвори истрага против 11 луѓе, меѓу кои вработени во штипската и струмичката подружница на УЈП и во Државниот пазарен инспекторат. На шестмина од осомничените им се одредени мерки на претпазливост, а на уште едно лице му е изречена дополнителна мерка на претпазливост.

Поврзани содржини